Љубов и Секс

Експерт за врски открива што е тоа на кое ниту еден маж не може да одолее

Експерт за врски открива што е тоа на кое ниту еден маж не може да одолее

Многу жени копнеат по искрена, посветена врска, како и партнер кој ќе се однесува со нив на најдобар можен начин.

Тоа подрзабира да добиваат доволно внимание од него, па дури и да чувствуваат како тој да ги „брка“.

Трансформацискиот тренер, специјализирана за партнерски односи, Слаѓана Трикиќ, истакнува дека тоа е можно, но во следниот случај:

– Ако сакате мажот да ве брка, тогаш треба да го знаете следново, пред се, мажите нема да бркаат и нема да ги интересираат жени кои се несигурни, кои се плашат и кои се очајни.

Најпривлечната карактеристика на жената е здравата самодоверба и поседувањето женска енергија.

Кога некој зрачи со таа лажна самодоверба, исклучително е лесно да се забележи и почувствува, а исто така кога си во машка, а не во женска енергија, мажот го чувствува тоа и едноставно го одбива од тебе – вели Слаѓана и додава:

– Она што е исто така важно е да си поставите едно важно прашање, како би се однесувала жена која има здрава самодоверба? Дали таа жена би се задоволила со трошки? Дали би се согласила овој човек да се појавува и да исчезнува? Дали би трчала по маж кој не е сигурен дека сака да биде со неа? Дали таа прва би напишала порака? Дали би ги иницирала состаноците или би му дозволила да го направи тоа? Дали би се обидела на некој начин да му се докаже? Дали би чекала тој да се предомисли и слично?

Жена со здрава самодоверба не би направила ништо од ова, а вие треба да размислите каде сте – заклучува Слаѓана.

извор:popara.mk

To top