Љубов и Секс

Тивкиот секс ја убива страста: Четири причини зошто „валканиот разговор“ е задолжителен во кревет

Тивкиот секс ја убива страста: Четири причини зошто „валканиот разговор“ е задолжителен во кревет

Научниците тврдат дека има причина зошто валканиот разговор е толку ефикасен во кревет. Затоа, погрижете се да бидете погласни во спалната соба бидејќи тивкиот секс сериозно ја убива атмосферата и расположението за секс.

Тивкиот секс може да биде убиец на страста. Партнерот сака да ја слушне вашата желба и колку уживате во сексот со него.

А валканите разговори, кога се користат правилно, може да ја зголемат сексуалната возбуда и задоволство кај двајцата партнери. Дури и научниците тврдат дека има причина зошто валканите разговори се толку ефикасни. Сладок или валкан шепот во увото на партнерот може да биде одличен поттик за страст и сексуална возбуда. Дури и ако го кажете тоа преку телефон, може да го постигнете посакуваниот резултат. Сексологот Нес Купер објасни зошто овој едноставен трик е секогаш толку ефикасен, пишува „živim.hr“.

Валканите разговори го стимулираат мозокот

Слушањето на тие валкани зборови стимулира различни области на мозокот одговорни за задоволство и доведува до зголемено лачење на хормоните за добро чувство, допамин и окситоцин. Во исто време се лачи и тестостерон, кој исто така може да помогне за посилна сексуална возбуда и поинтензивен оргазам.

Важно е како ги кажувате валканите зборови

Самите зборови се важни, но тонот и начинот на кој се изговараат се исто толку важни.

– На пример, зборовите и речениците кои се шепотат на уво или се изговараат тивко придружени со еротски воздишки, повеќе ќе возбудат некого отколку гласно изговорени валкани зборови кои на многумина можат да делуваат како ладен туш – објаснува Нес Купер. Видот на зборовите што ги користите зависи од претпочитањето на вашиот партнер во секс игрите, на пр. дали сака да го пофалите или да го навредите.

Помага во намалување на напнатоста

– Поради лачењето на различни хормони, валканиот разговор може да помогне во намалувањето на нивото на стрес, а сексуалното искуство да го почувствувате поинтимно и побезбедно. Може дури и да помогне да се активираат областите во мозокот кои се вклучени во постигнувањето на оргазам – вели Купер.

Ослободува од табуата

За многумина, сексот е сè уште тема за која се срамат да зборуваат, а многу често луѓето се срамат од настраноста во сексот што им се допаѓа. Класичен пример е уживањето кога партнерот им се обраќа со „добра девојка“ или „добро момче“ кога се во улога на потчинети во сексот. Отворената комуникација и прифаќањето може да ви помогнат да го надминете тоа чувство на срам.

Извор: Попара.мк

To top