Пејачот Димитар Андоновски е од оние мажи што сакаат и јавно да покажат љубов и почит кон својата понежна половина.
Неговата сопруга Христина славеше роденден, а тоа беше само причина плус за Диме да и го направи денот уште поубав и посебен.
Всушност, за Димитар не треба да има посебен повод за да ја стави на пиедестал неговата Тинче.
Имено, тој честопати знае во фото-објавите на социјалните мрежи да напише дека таа е неговата кралица, да ја воздигне да сите да видат и знаат колку љубов зрачи во нивниот храмоничен брачен однос.
-Среќен роденден моја Тинче, кусо напиша за нивната најнова заедничка фотографија, а потоа следеше и уште една со наследниците и славеничката.
За секоја објава со Христина, Димитар има емотивен коментар, а во еден од многуте вели:
„Не можеш да замислиш колку многу ми помогна да станам подобра личност, сопруг и татко. Ти си мојата мотивација да се борам секој ден“ – пишува Диме.
View this post on Instagram
Кога една жена е задоволна и опсипана со љубов, тогаш таа зрачи, а во случајов кај убавата Христина тоа е евидентно.
View this post on Instagram
За потсетување, Димитар и Христина се венчаа во 2015 година, а како плод на нивната љубов се родија синчињата Михаил и Гаврил.
фото:Инстаграм/Димитар Андоновски