Едно истражување откри кои се најчувствителните ерогени зони на човечкото тело кои можат да им дадат на партнерите задоволство кое ќе се памети речиси цел живот. Во едно истражување, мажите признале дека стимулацијата на брадавиците е едно од најважните места за стимулирање на сексуалната желба. Затоа, сексуалните експерти препорачуваат нежно цицање или допирање на брадавиците.
Устата
Устата е многу важна ерогена зона. Бакнувањето го зголемува нивото на допамин во мозокот, невротрансмитер кој ја зголемува желбата за секс.
– Може да се обидете да поминете со јазикот преку неговите усни или лесно да му ја грицкате долната усна – предлага сексологот Керол Квин.
Ушите
Ако некогаш некој си играл со вашите уши и ви се допаднало, тогаш има смисла дека и на вашиот партнер ќе му се допадне. Исто така, во една студија се покажало дека ушите се втората најсилна ерогена зона на машкото тело.
– Обидете се полека да поминете со усните по линијата на неговото уво, лесно да го грицкате или допирате со јазикот. Или само тивко кажете му ги вашите фантазии – советува Квин.
Вратот
Лесните бакнежи по вратот се многу еротски и брзо ќе го возбудат вашиот партнер за секс. Најдобра точка за стимулација е делот од вратот под косата, кој треба нежно да се бакнува со полуотворена уста.
– Комбинацијата на топлина и вибрации ќе поттикне силна желба кај вашиот партнер – објаснува секс експертот Емили Морс.
Брадавиците
Во една неодамнешна студија за американското списание „Cortex“, мажите признале дека стимулацијата на брадавиците е едно од најважните места за поттикнување на сексуалната желба.
Експертите за секс препорачуваат нежно цицање или лижење на брадавиците, а во исто време и допирање на машкиот полов орган за дополнително задоволство.
Врвот на машкиот генитален орган
На врвот на пенисот има многу нерви и тоа место на машкото тело е најблиската верзија на женскиот клиторис. Затоа, без разлика дали ги користите рацете или сте среде орален секс, бидете сигурни дека вашиот партнер ќе ви се заблагодари ако се фокусирате на ова место.
Извор: Попара.мк