Љубов и Секс

Верувањето кое открива со кого треба да останете засекогаш: Склопете ги дланките и направете го ова со прстите!

Верувањето кое открива со кого треба да останете засекогаш: Склопете ги дланките и направете го ова со прстите!

Традицијата на носење венчален прстен датира од антички Египет, античка Грција и антички Рим.

Според древното кинеско сфаќање за човекот, секој орган и дел од телото има своја функција и значење. Се смета дека тие се меѓусебно поврзани – древните Египќани верувале дека венчалниот прстен се носи до малиот прст затоа што едната вена води директно до срцето, додека други верувале дека на тој прст најмалку пречи.

Сепак, постои една кинеска легенда која води до симпатично објаснување. Станува збор за трик со рака кој никој не успеал да го изведе и вели дека секој прст има свое значење. Значи, палецот ги претставува родителите, показалецот ги претставува најблиските роднини, браќата и сестрите, средниот прст ве претставува вас, домалиот прст го претставува вашиот партнер, а малиот прст ги претставува вашите деца.

Ставете ги со дланка на дланка и свиткајте ги средните прсти. Останатите прсти треба да се исправат. Обидете се да ги разделите прстите по редослед: палците, кои ги претставуваат родителите – можат да се одвојат и тоа значи дека нема да живеете со нив засекогаш.

Потоа обидете се да ги одвоите показалците, кои ги претставуваат браќата и пријателите. Ќе успеете, бидејќи ќе имате различни животни патишта. Следниот чекор е да ги одвоите малите прсти што ги претставуваат вашите деца. Ќе се разделат, бидејќи и тие еден ден ќе тргнат по својот пат и ќе се одвојат од вас. Меѓутоа, кога ќе се обидете да ги разделите домалите, ќе сфатите дека тоа е невозможно.

Домалиот прст го претставува вашиот партнер, а според верувањата неможноста да ги разделите прстите значи дека ќе бидете врзани со судбината до крајот на животот. Токму затоа се верува дека бурмата се носи на тој прст.

Извор: Попара.мк

To top