Влегувате во игра која не ја познавате со доволно самодоверба дека ќе си го најдете патот. Некаде на средина ќе откриете дека одите голи и боси по трње и дека сте го делеле срцето со сите, а никој не знаел како да го спаси. За некои ваши одлуки засекогаш ќе жалите, а некои ќе се важни животни лекции.
Но, чудната работа кај грешките е што тие имаат тенденција да се повторуваат ако не се препознаат како такви.
Иако можеби сте во 30-тите, сепак можеби правите некои грешки кои ве спречуваат да ја пронајдете вашата вистинска љубов.
Се чека совршен тајминг
Дали некогаш сте се фатиле себеси како чекате совршен тајминг во вашиот љубовен живот? Чекате работите да си дојдат на свое место, да бидете финансиски стабилни, целосно ослободени од долгови и слично. Ќе ве разочараме, но не постои нешто како „совршено време“. Само си ги отежнувате работите. Додека го чекате совршениот момент, животот ќе ве одмине. Далеку од тоа дека треба да се задоволите со првиот тип што ќе ви пријде, но не чекајте ниту да се наредат сите коцки, бидејќи тоа е невозможно.
Запознавање со истиот тип на маж
Сите ние имаме тип на личност која нè привлекува. Ова е сосема нормално и разбирливо. Меѓутоа, проблемот со тоа е што ако не излезете од тој маѓепсан круг во кој се наоѓате, всушност ќе „рециклирате“ момче со кое веќе сте раскинале. Ако продолжите да го избирате истиот човек во еден куп момци, не е тешко да се каже како ќе заврши. Потрудете се малку да погледнете од страна и дајте шанса на некој нов. Можеби ќе бидете пријатно изненадени.
Премногу директен пристап
Иако на секој чекор сигурно ви велат дека треба да бидете силна и самоуверена жена која знае што сака и не се плаши да каже, кога се во прашање мажите треба да изберете малку помалку директен пристап. Колку и да изгледаат бестрашни, тие всушност се плашат од премногу директни жени. Постојат сите шанси вашиот директен пристап да го поврзат со агресивност, што секако не било ваша намера. Запомнете: суптилната директност и женственоста се совршен микс.
Постојана опсесија со совршенството
Навистина е време засекогаш да се откажете од таа бесмислена идеја за совршенство во вашите 30-ти. Никој не е совршен, вклучително и вие. Па, како можете да го очекувате тоа од вашето идно момче? Навистина, поставувате нереални стандарди за некој со кој би можеле да имате прекрасна иднина, водени од некоја луда идеја дека се потребни двајца совршени луѓе за да се создаде совршена врска. Не, токму спротивното. Потребни ви се двајца несовршени луѓе кои се подготвени да дадат се од себе за врската да функционира.
Самосожалување
Што и да ви се случува во животот, никогаш не треба да се сожалувате, а особено да не дозволувате такво размислување да влезе во вашите врски. Самосожалувањето е една од најголемите грешки што ги прават жените во нивните 30-ти, што може да гарантира пропаст на секоја врска. Нема причина да мислите дека не сте доволно добри за некого и да паднете во депресија поради тоа. Истакнувањето на вашите маани пред потенцијалните партнери е големо не, запомнете го тоа.
извор:попара.мк