Љубов и Секс

Дали доволно долго се бакнувате со партнерот?

Дали доволно долго се бакнувате со партнерот?

Оваа ситница може да ви помогне да ја зачувате вашата врска или брак

Речиси сите парови во одреден момент од врската наидуваат на тешкотии и препреки кога станува збор за интимноста. Некогаш тоа е само период предизвикан од обострано нерасположение, а понекогаш парот „паѓа“ во рутина од која, се чини, нема излез.

Сепак, би се изненадиле ако знаете дека една мала работа може многу да ви помогне кога станува збор за вашата љубовна врска.

Д-р Џон Готман, професор по психологија и автор на книгата „Седум начела за успешен брак“, вели дека паровите треба да се гушкаат и бакнуваат за да имаат успешен однос.

Неговата теорија е дека бакнежот од шест секунди делува како „привремена оаза“ по напорен ден и може да доведе до одржување на здрава врска на долг рок.

– Не излегувајте од дома без бакнеж од шест секунди, а на крајот од денот, поздравете го партнерот со бакнеж од шест секунди за да го олесните љубовниот премин во заедништво – рекол д-р Џон Готман, а пренесува „Дејлистар“.

Иако ова правило на некого може да му се чини како бесмислено, д-р Џон Готман вели дека неговиот совет се заснова на основа на стручни докази.

Антропологот Хелен Фишер исто така тврди дека бакнувањето води до зајакнување на сексуалните нагони. Според д-р Џон, трикот од шест секунди може да им користи на паровите на следниве начини:

– Помага во одржувањето на поврзаноста

– Го зголемува физичкиот контакт

– Може да влијае на чувството на наклонетост и воодушевување

– Ако е се во ред со парот, може да доведе до постраствено продолжение.

извор: попара.мк

To top