Радио Милева

Порасна во вистинска убавица: Ќерката на Ирена Спировска блесна како матурантка! (ФОТО)

Порасна во вистинска убавица: Ќерката на Ирена Спировска блесна како матурантка! (ФОТО)

Матурските прослави веќе се во ек, а во денешно време главен акцент се става на модната комбинација, фризурата, шминката, на тоа кој како да се подготвил и како изгледа, каков автомобил ќе вози – или накусо кажано, далеку поразлично од порано.

Средношколците со матурските прослави ставаат крај на еден дел од образаовниот процес со можност за понатамошно образување и постигнување на повисоки успеси.

Матурантка беше и ќерката на Ирена Спировска, познатата водителка која долго време е на ТВ екраните.

Спировска на својот Фејсбук профил сподели фотографија од Зорица, нејзината наследничка која досега речиси и да не ја покажуваше во јавноста.

Во долг црн проѕирен фустан како модерна принцеза, без претерана шминка, Зорица славеше матура, а за нејзиниот изглед доби голем број комплименти.

„Ова е за на Вог, браво за креацијата и моделот Зорица“, „Како манекенка“,  беа само некои од коментарите упатени на ќерката на водителката.

На Зорица и посакуваме се најдобро и со многу успеси во иднина и кој знае можеби ќе тргне по чекорите на мама.

фото: Фејсбук

To top