Љубов и Секс

Ова е сигурен знак дека ја достигнала кулминацијата

Ова е сигурен знак дека ја достигнала кулминацијата

Никој не сака да слушне како партнерот глуми оргазам, но факт е дека седумдесет проценти од жените доживуваат оргазам на секој петти сексуален однос. Дали знаете како да препознаете вистински оргазам?

Повеќето ќе се согласат дека глумењето оргазам е глупост што не му користи на никого, затоа што партнерот дури и нема да знае дека не „задоволил“, а оној што глуми кулминација ги намалува шансите да го доживее следниот пат со истиот партнер.

Додека околу 30 проценти од жените немаат проблем да доживеат оргазам на редовна основа, другите 70% го доживуваат многу поретко – приближно еден од пет сексуални односи, а дури 15% од жените откриваат дека никогаш не доживеале сексуален оргазам или само еднаш или двапати во животот.

Сепак, студиите покажуваат дека над 90 проценти од жените во одреден момент глумеле оргазам, најчесто без да му наштетат на партнерот.

Ова не звучи толку невообичаено ако го споменеме фактот дека околу 20 проценти од мажите веруваат дека се толку добри љубовници што нивната партнерка не мора да глуми, односно дека е невозможно да не ја задоволат.

Симптоми на оргазам

Општо, јасни знаци на оргазам се грчеви во мускулите – најчесто вагинални, што предизвикува чувство дека е „потесно долу“. Може да се појават и грчеви во нозете. Со зголемен интензитет на стимулација во кој нејзиниот здив станува краток и воздивнува погласно, откако ќе ја достигне вистинската кулминација ќе запре бидејќи ќе ѝ требаат барем неколку секунди за да се опорави. За многу жени, после оргазам, делот над градите каде кожата е тенка поради напливот на хормони ќе стане црвена.

Само затоа што глуми не значи дека не ужива во тоа

Дури и ако глуми оргазам, тоа во никој случај не значи дека не ужива во сексот. Имено, истражувањата покажуваат дека кај жените најголема активност има во центрите за задоволство во мозокот за време на секс, односно „на пат до оргазам“, додека непосредно пред кулминацијата нагло опаѓа активноста. Од друга страна, кај мажите, активноста во овие делови е најголема за време на самата ејакулација.

извор:попара.мк

To top