Романската ТВ водителка Илинка Вандичи ги шокираше гледачите кога на снимање на емисијата панично го крена фустанчето и ја покажа долната облека. Причината – бизарна. Мислела дека внатре и влегол пајак. Натпреварувачите, но и оние кои во живо во студиото го следеле реалното шоу останале изненадени кога Вандичи кренала паника, се свртела и почнала да го „брка пајакот“ по гаќичките. Да биде ситуацијата уште покомична, во тоа почнал да и помага и еден од натпреварувачитe.
Камерманот увидувајќи дека се работи за „непланирана ситуација“, го оддалечи фокусот на снимање, а натпреварувачот успеал да ја смири водителката. Откако водителката се уверила дека во гаќичките нема ништо, емисијата продолжила нормално.