Зашто некои врски се поискрени од други? Зошто некои парови се отворени едни кон други, додека некои повеќе сакаат да го лажат партнерот? Никој не заслужува да биде излажан, но и покрај тоа девојките, без сомневање, лажат многу често, но и машките не се нешто подобри.
Довербата е нешто што се стекнува и се надградува од првиот ден во врската, па ако не и се посветува доволно внимание, девојката може да ве лаже. Често се кажува дека постојат „бели лаги“, оние кои се употребуваат кога некој сакаме да го расположиме или да направиме да се чувствува подобро. Затоа што девојките се „понежниот пол“ тие лажат така што би го поштедиле момчето.
Ова се некои од најчестите лаги кои едно машко мора да ги знае. Доколку се случи некогаш да слушнете некоја од нив од својата партнерка најдобро е однапред да го знаете нејзиното правилно значење:
Ти си совршен
Те сакам баш таков каков си не би променила ништо на тебе. Запомнете: никој не е совршен. На почеток на врската сите викаат исто затоа што не ве познаваат доволно, но по некое време дефинитивно ќе пронајдат нешто што ќе посакаат да го променат!
Во право си
Секоја расправија со вашата девојка завршува така што таа секогаш ви вика дека сте во право? Можеби тоа ве прави горди, но морате да знаете дека ова е голема лага. Веројатно не ни размислувала за можноста дека можете да бидете во право, туку ви се умилкува само за да се смирите. Многу добро знае дека набрзо ќе сфатите дека таа била во право и од вас очекува извинување!
Сè е во ред
Најчеста лага која девојките ја кажуваат е „добро сум“ кога ќе ја прашате дали е сè во ред. Кога ќе видете дека е вознемирена, дека се однесува чудно или да не сака да разговара со вас природно е да и поставите такво прашање, но не се надевајте дека ќе добиете искрен одговор. Девојките не сакаат да ја кажат вистината, ама очекуваат од вас да сфатите што не е во ред. Откачено, зар не?
Обожавам спорт
Можеби на почетокот ќе се согласува со вас и ќе останува дома секој викенд заедно да гледате фудбал, но тоа не значи дека таа во тоа вистински ужива. Свесно ќе прифати да прави работи за да ви докаже дека не е иста како другите и дека имате заеднички интереси. Додека вие ќе бидете пресреќни што сте ја нашле совршената девојка, бидете и искрени – колку од нив сакаат спорт? Знајте дека нема да помине многу време, а таа ќе почне да се нервира секој пат кога ќе седнете пред ТВ.
Сакам да го поминуваме времето со твоите другари
На почеток на врската тоа нема да и претставува проблем, но подоцна сè ќе се промени. Дури и ако се во прашање вашите најдобри другари таа ќе очекува целото ваше слободно време да го поминувате со неа, а не со другарите. Ако таа ова не ви го каже директно, тогаш очекувајте одоколу. Дури кога дружењето со другарите ќе го сведете на минимум таа ќе се преправа дека ужива во нивното друштво!
Твоето семејство е супер, сакам да бидам со нив
Вистина? Можеби два пати месечно. Размислете малку околу тоа. Зар навистина можете да поверувате дека таа ужива да го поминува своето време со вашето семејство каде што секој го посматра секој нејзин потег, внимателно го слушаат секој нејзин збор што ќе го каже и преќутно ја критикуваат? Нема да има проблем да помине некое време со нив кога тоа не неопходно, но кога ќе ви каже дека тоа го прави со задоволство, дури и кога отворено тврди дека и е одлично – немојте да поверувате ни за момент!
Твојата сметка во банка не е битна
Верувате во оваа изјава? Сите знаеме дека тоа е лага. Сите девојки сакаат дечко кој е финансиски стабилен и независен, дечко кој може да ја осигура нејзината иднина без финансиски проблем. Ова секако не значи дека морате да бидете богат за да имате девојка, но дека морате да имате пари – тоа сигурно.
Одличен си во кревет
Ако таа започне разговор на оваа тема, а вие ништо не сте ја прашале тогаш имате причина да не и верувате. Ако почне да ви дели комплименти на сметка на вашето сексуално знаење тоа не значи дека 100% стои зад тоа што го кажува. Девојките на кои им значат нивните дечковци имаат обичај да го зборат тоа што машките сакаат да го чујат како би се чувствувале подобро. Размислете добро за својата девојка, вашата врска и сексуалниот живот, па сами заклучете дали навистина ги заслужувате тие комплименти или не.
Не се грижи, на сите им се случува
Ако направите мала грешка во нешто или барем еднаш нема да се докажете во кревет, оваа лага сигурно ќе ја чуете. Таа не сака да ви покаже колку е вознемирена, па понекогаш и лута на вас, па ви зборува едно, а мисли нешто сосема друго. Една работа која ви преостанува да направите е да се потрудите во иднина да не правите грешки или барем да ги сведете на минимум.