Освен што ве ослободува од стрес, јогата е одлична за исправување на ‘рбетот, го подобрува држењето и положбата на телото и благотворно делува на вашето здравје.
Редовното практикување јога ги затегнува мускулите е телото, а Тревис Елиот, творецот на програмата „Ултимејт јога“ и експерт во ова поле, предложува неколку пози кои се покажале идеални за затегнување на стомакот и задникот.
Јогата е најпрактичен начин на вежбање, затоа што поеднакво можете да го практикувате во секое годишно време. И на затворено и на отворено. А и не ви е потребна некоја прескапа и специјална опрема. Доволно е да облечете лесна облека од природни материјали која нема да ви ги отежнува движењата и нема да ве стега.
За серија од неколку пози потребни ви се десетина минути, затоа погответе се и пуштете го видеото: