Љубов и Секс

Храна која треба да се избегнува на првиот состанок

Храна која треба да се избегнува на првиот состанок

Првите состаноци сами по себе се стресни, така што нема потреба дополнително да ги комплицирате. На крајот на краиштата, сите сакаме да оставиме што е можно подобар впечаток. А, доколку за време на вечерата дојде до несакани проблеми во стомакот, тогаш ќе ви стане непријатно и многу веројатно дека состанокот нема да се одвива како што посакувате. Можеби никогаш не сте размислувале, но постои список со намирници за кои се препорачува да се избегнуваат на првиот состанок.

Зачинета храна

Постојат луѓе кои навистина ја обожаваат, но и толерираат зачинета храна. Ако вие сте меѓу нив, слободно јадете кога сакате. Но, доколку не сте, немојте да испробувате нешто ново или да се преправате дека сте храбри на првиот состанок.

Хот дог

Виршла која можете да ја пресечете со нож е многу подобро решение од било што кое морате да го гризете, а може и да ве извалка со сенф.

Шпагети

Шпагетите воопшто не се добар избор. Морате да бидете вистински уметник за да победите во битката во ваков огромен вид на паста. А, освен што може да биде незгодно, може да предизвика и непријатни паузи во разговорот. Прскањето сос насекаде околу вас е неизбежно, а вие тоа не го сакате. Ако веќе сакате да јадете паста на состанокот, нарачајте њоки.

Сѐ што содржи грав

Гравот може сериозно да ви го поремети и денот, а не само излегувањето. Колбас во грав звучи толку примамливо, но добро размислете пред да тргнете во напад на таква неодолива порција. Ваков оброк предизвикува голема надуеност и многу непривлечни грчеви во стомакот и гасови, па воздржете се од овој оброк и дома, дури и еден ден пред состанокот.

Исто јадење како него/неа

Воопшто не сте креативни доколку нарачате исто јадење како и вашиот парнер/ка. Предноста од нарачување различно јадење е што секогаш можете да почнете разговор за вашите јадења, особено доколку дојде до непријатна тишина. Ваквиот разговор потоа може да се претвори во општа дискусија за храна.

Извор:Кајгана.мк

To top