Луѓето кои знаат да сакаат се полни со убави чувства, тие не знаат да ги исклучат своите срца, не знаат да престанат да даваат и тоа е нивната најубава страна. Овие луѓе секогаш го гледаат најдоброто во другите луѓе, ги гледаат сите мали убави детали и тие знаат да сакаат до небото и назад.
Тие не бараат ништо за возврат, освен љубов. Тие сакаат да најдат топлина во прегратките на друга личност и сакаат искреност. Никогаш нема да престанат да даваат љубов доколку видат потенцијал и никогаш нема да ја остават личноста која ја сакаат силно.
Тие се човечки суштества кои понекогаш забораваат на разумот. Тие често ги сакаат оние луѓе кои немаат способност да ги сакаат назад.
Но, тие често се и повредени.
Давањето љубов за луѓето кои не ја заслужуваат нивната љубов за нив е како ураган кој ја истоштува нивната душа. Тие наоѓаат дом во другите луѓе, им даваат се што имаат и се обидуваат да најдат љубов со иста сила и моќ во другите луѓе. Но, само ретки луѓе се способни да сакаат толку силно.
Овие луѓе често, дури и пречесто се повредени. Помислата дека можат да бидат оставени ги прогонува уште од почетокот. Мислата дека можат да сакаат и таквата љубов да не биде прифатена ги остава бессони, многу ноќи. Дури и кога љубовта делува погрешна, тие и даваат шанса. Тие живеат за да даваат љубов.
Немојте да бидете себични со нивното срце. Не ја отфрлајте нивната љубов. Не ги уништувајте.
извор:скопјеинфо.мк