Сексот е страстен момент во кој мора максимално да уживате. Но, постојат некои навики кои можат да го расипат или да предизвикаат несакани последици после сексот. Еве три работи кои жените не треба да ги прават пред секс.
1. Да се депилирате
За време на сексуалниот однос, областа околу препоните и бутовите е изложена на триење и прекумерно потење. Токму затоа кожата ќе се иритира доколку се депилира непосредно пред секс, а како што многу жени знаат добро, одредени делови може да се воспалат.
2. Да пиете лек против алергија
Лековите кои ги намалуваат алергиските реакции како што се антихистаминиците делуваат така што го опуштаат телото. Но, овој лек има силно влијание и на вашата мукозна мембрана, која е поврзана со целото тело, почнувајќи од усната шуплина и исто така до вашата интимна зона.
Антихистаминиците го намалуваат лачењето на вагиналната слуз, поради што сексот нема да биде пријатен како и обично. Експертите тесно го поврзуваат недостатокот на слуз со оргазам, што значи дека на жените тогаш ќе им биде многу потешко и речиси никогаш нема да ја достигнат посакуваната кулминација. Истото важи и за обидот за зачнување, бидејќи вагиналната слуз значително го олеснува преминувањето на сперматозоидите до јајце клетката.
3. Да трпите и да не одите во тоалет
Ако сте се вклучиле во жежок момент, а страста е на врвот, но чувствувате потреба да одите во тоалет и да уринирате, не страдајте. Имено, мочниот меур се наоѓа многу блиску до вагината и навистина ќе почувствувате каков било притисок врз него, поради што сексот нема да биде толку пријатен и опуштен. Исто така, ако ви се оди во тоалет за време на сексот, уринарниот канал и мочниот меур се оптоварени и полни со течност, поради што ризикот од воспаление на мочниот меур предизвикан од секс е многу поголем.
извор:попара.мк