Бабичката чиј заштитен знак беше карираната капа со црвена пуфка ни беше една од омилените работи што ги гледавме на телевизија додека растевме во ’90-тите години.
Доколку сè уште не ви текнува за кого станува збор погледнете го воведот на ТВ-серијата, а тука е и моментот кога супер бабичката ги добива своите моќи кои ги употребува во борба против криминалот.
„Супер бабичка“ се снимала во периодот од 1985 – 1987 година. Вкупно брои две сезони од по 13 епизоди + божиќните бонус епизоди. Секоја епизода трае 30 минути, а серијата е направена според книгите на авторот Форест Вилсон.
Верувале или не, главната актерка која го портретираше ликот на супер бабичката е сè уште жива. Нејзиното име е Гудрун Уре, родена е на 12 март, 1926 година во Шкотска, а глумела до 2009 година.
Таа денес има 91 година, а едно од последните интервјуа го дала во 2006 година. Објавено е 10 години подоцна, во 2016 година. Како што може да погледнете, таа и покрај возраста изгледа одлично:
извор:скопје24.мк