Дали го мислите тоа што ќе го кажете или зад тоа се крие нешто друго. Во следните редови прочитајте пет типични ситуации на првиот состанок или што машките кажуваат, а женските слушаат…
Ситуација бр. 1
ТОЈ ВЕЛИ: Мене не ми е важен физичкиот изглед.
ТАА СЛУША: Да, и затоа мене ме викна да излеземе.
ТОЈ МИСЛИ: Мене ми е важно тоа под површината.
Ситуација бр. 2
ТОЈ ВЕЛИ: Има ли во твојот живот место за љубов?
ТАА СЛУША: Ужасно сум осамен и очајно ми треба било каква жена.
ТОЈ МИСЛИ: Не мислам само на секс, а ти?
Ситуација бр. 3
ТОЈ ВЕЛИ: Ме потсетуваш на сестра ми.
ТАА СЛУША: Не ми се допаѓаш како жена, но би сакал да бидеме пријатели.
ТОЈ МИСЛИ: Со тебе ми е така пријатно како да те знам цел живот.
Ситуација бр. 4
ТОЈ ВЕЛИ: Утре ќе имам цел ден да размислувам за нешто.
ТАА СЛУША: Утре цел ден ќе се смеам на твоја сметка.
ТОЈ МИСЛИ: Многу си ми интересна, не ми излегуваш од глава.
Ситуација бр. 5
ТОЈ ВЕЛИ: Би сакал да одиме чекор по чекор
ТАА СЛУША: Досадно ми е со тебе, не сакам често да се гледаме.
ТОЈ МИСЛИ: Ова со тебе би можело да биде нешто супер. Не сакам цела забава да ја расипам со брзање.