Радио Милева Провокација им е второ име

Ако се бираа најсекси и најпровокативни стајлинзи на роденденот на „Бекстејџ“, тогаш Кристина и Александра ќе делеа прво место (фото)

Ако се бираа најсекси и најпровокативни стајлинзи на роденденот на „Бекстејџ“, тогаш Кристина и Александра ќе делеа прво место (фото)

Естрадниот „ТВмагазин од зад сцената“, „Бекстејџ“ во понеделникот  прослави 15 години постоење со мега роденденска забава на која присуствуваше цела македонска естрада.

Се евоцираа спомени, се делеа награди, падна дружење какво одамна немало во естрадните кругови, а беше место и за модна парада.

Дрес- код немаше, па секој по свое си облече она што му беше на ум, но пред се’ посвечено, поелегантно, а за некои и попровокативно.

Ако се делеа награди за најпровокативен стајлинг на вечерта, тогаш првото место ќе требаше да го делат Кристина Димитриевска и Александра Накова.

За нив двете, провокација за пред јавност е вторно име, така што не беше чудно тоа што го избрале да облечат на себе.

Заеднично кај двете беше изборот на црната боја, додека во изборот на крациите се разликуваа.

Кистина носеше специфичен комбинезон со една ногавица и впечатливи детали, додека Накова мини фустанче украсено со пердуви и ултра длабоко деколте.

Нема сомнеж дека биле мегнет за погледи меѓу присутните, а за оние што не успеаја непосредно да ги видат, фотографиите од убавата вечер се најдоа на Инстаграм каде Кристина и Накова не добија награда, ама ги собраа сите пофалби на сметка на изгледот.

фото:Инстаграм принтскрин

To top