Во животот имаме три големи љубови, а секоја од нив има одредена улога, тврдат психолозите.
Во првата љубов гледате сѐ низ „розови очила“. Втората љубов е драма од која излегуваме со скршено срце.
Многу луѓе сакаат да им се случи(ла) романичната љубовна приказна – да ја запознаат љубовта на својот живот во средношколските денови и да го поминат целиот живот со таа личност.
Тоа секако звучи романтично, но не е дефиниција една и вистинска љубов.
Првите две љубови во животот ни се случуваат за да видиме всушност, што не е љубов. Подобро кажано, да ни помогнат да се ослободиме од илузиите.
Идеализирана љубов
Кога прв пат се заљубуваме, тоа обично е рефлексија на нашата идеална слика за љубовта и партнерството. Од „вистинската љубов“ очекуваме страст и сингронизираност, романтика и заштитеност, авантури и доверба. Имаме конкретни барања и очекувања од себе си и од партнерот и ќе направиме сѐ за да ги исполниме.
Меѓутоа, потајно чувствуваме несогласувања меѓу нашите соништа за совршената љубов и она што навистина е можно во реалноста. Поради тоа никогаш не можеме да се опуштиме и многу ни е важно мислењето на другите. Ако некој од опкружувањето каже нешто лошо за партнерот, се сомневаме во врската.
Ако врската „пукне“, се збогуваме со две работи: нашата прва голема љубов и од еден идеал. И покрај тоа, повеќето луѓе имаа убави сеќавања од првата голема љубов, дека барем некогаш живееле во својот сон.
Драматична љубов
Кон втората голема љубов се поставуваме поинаку – знаеме дека во една врска ништо не е совршено, но сме одлучни да ја направиме што е можно посовршена.
Честопати втората љубов е полна со страст, но и болка и драма. Во овие врски најчесто не ни е гајле што мислат другите за нашата врска, ги игнорираме советите и го следиме само нашиот внатрешен глас. Сѐ до денот кога сфаќаме дека тој глас не е секогаш во право.
Она што е уште потешко од губењето на оваа љубов е што многу често губиме и верба во љубовта. Иако ни е скршено срцето и се чувствуваме исцрпено, токму после оваа љубов сме подготвени за љубов број три.
Зрела љубов
За третата љубов е типично што доаѓа кога најмалку ја очекуваме и тоа со некој со кој не сме се замислувале. По првата и втората љубов сме научиле дека не постои принцот на бел коњ/жената од соништата, а не ни сакаме некого да го претвориме во тоа. Едноставно, не бараме (бркаме!) никого повеќе.
Многу често по драмата од втората голема љубов не веруваме толку во љубовта. Но, токму тоа нѐ прави отворени за онаа вистинската љубов и вистинската личност. За личноста која ни покажува дека не мора да биде совршена за да биде вистинската. Тоа е личност која ни мисли и ни прави добро, со која се чувствуваме добро и сме среќни. Таква љубов ги преживува сите напади, неволји и тешки времиња и не чувствуваме страв да се предадеме целосно.
Извор: Кајгана.мк