Љубов и Секс

Уште се табу тема: Најчестите сексуални фантазии

Уште се табу тема: Најчестите сексуални фантазии

Од некоја непозната причина, сексуалните фантазии и понатаму се табу тема, покажа истражување на порталот Bedbible, што се занимава со рецензии за секс играчки и помагала.

Дури 68% од испитаниците признале дека не разговараат за своите сексуални фантазии. Од нив, 13% доживеале лоша реакција кога ги споменале некому, а 29% од испитаниците се плашат од осуда па попрво молчат за своите жешки фантазии. Ако одлучат да ги кажат некому, тоа би бил партнерот.

Истражувањето низ анкета со конкретни прашања е спроведено кај над 1000 Американци, а на првото место за најчести фантазии е оралниот секс, пишува My Imperfect Life.

Погледнете ја целосната листа:

  • Орален секс: 32%
  • Секс на необично место: 25%
  • Играње улоги: 24%
  • Секс со славна личност: 22%
  • Секс со бившиот: 19%
  • Секс во јавност: 19%
  • Секс со повеќе партнери: 19%
  • Анален секс: 18%
  • Секс со партнер од ист пол: 17%
  • Да се биде доминантен: 17%.

„Веруваме дека сите сексуални фантазии треба да ги делиме со другите и да ги практикуваме, кога е тоа безбедно и со обострана согласност. Никој не треба да се чувствува непријатно или осудувано поради тоа што му се допаѓа, бидејќи сите имаме различни преференции. Освен тоа, сексот би бил прилично досаден ако нема креативни луѓе кои од време на време малку ги зачинат работите во креветот“, велат од „Bedbible“.

Извор:Кајгана.мк

To top