Кон крајот на месец август пејачката Викторија Лоба му го кажа судбоносното „да“ на својот избраник Ѓорги и еден на друг си ветија вечна љубов.
Потоа следеше и свадбата во еден од луксузните хотели во Скопје, па тазе сопружниците заминаа на доцен летен пост-свадбен одмор.
View this post on Instagram
Во меѓувреме Лоба им се врати на настапите, а паралелно и на многуте модни ангажмани чие заштитно лице е.
Убавите моменти и исполнети мигови се дел од секојдневието на пејачката, која вчеравечер имаше повод плус за славење, а тоа беше нејзниот 34-ти роденден.
Македонската убавица со руско потекло ги собра најблиските пријателки во едно скопско кафуле, па без многу помпа, ги дувна свеќичките во друштво на луѓето кои и направија мерак на душата.
Славеничката во нејзин стил беше облечена во минималистичка бела комбинација, а најголем украс на неа и беше насмевката.
Среќен роденден и желба за уште многу вакви убави моменти за здравица!
фото:Инстаграм/Викторија Лоба