Љубов и Секс

Сексолог тврди: „Мажите мора да го знаат ова за да бидат добри љубовници“

Сексолог тврди: „Мажите мора да го знаат ова за да бидат добри љубовници“

Сексологот Надја Бокоди вели дека мажите треба да бидат свесни за „правилата на интимност“ доколку сакаат да бидат добри љубовници.

Таа наведува дека најважно е вниманието кое се посветува на женското задоволство под покривката, а на некои жени им треба неколкучасовна предигра за да постигнат оргазам, пренесува „Дејли стар“.

Надја се осврнала на трудот објавен во списанието „Gender & Society“, во кој се тврди дека жените се научени да му дадат приоритет на машкото задоволство.

„Жените како група чувствуваат помалку право на вид на задоволство што би ги довело до оргазам во споредба со мажите“, наведуваат во овој труд.

Надја вели дека од нејзиното искуство со мажи, малкумина од нив всушност сакале да знаат што ѝ се допаѓа.

Дури 77 отсто од жените признале дека долгата предигра им овозможила да ја зголемат возбудата и квалитетот на нивниот оргазам.

„Иако ретко се признава, истражувачите со децении знаат дека најсигурниот начин жените да постигнат оргазам е всушност преку постапки кои воопшто не вклучуваат вагинален контакт, туку преку предигра со партнерот без временски притисок“.

Одамна е откриено дека жените имаат поголема веројатност да бидат сексуално задоволени кога ќе искусат возбуда што доведува до оргазам.

извор:точка.ком.мк

To top