Мажите ги возбудуваат секси работи и голо тело, тоа е факт. Меѓутоа, не е тоа единственото нешто за вашиот партнер да ве посака.
Исто како и жените, мажите сексуалното возбудување исто така го поврзуваат со некои несексуални објекти и појави.
Овие неколку работи ќе го возбудат повеќе од голи нозе и гради.
Парфем
Мирисот игра важна улога кога се работи за сексуалното возбудување, па мажите често одреден парфем го поврзуваат за личност и се возбудуваат штом го почувствуваат.
Песна
Некои песни едноставно се тригер за секс, па ги поврзуваме со возбуда само кога сме со партнерот.
Црвена боја
Ова е боја на страста и љубовта, но и непосредно средство за возбудување на партнерите. Затоа, ако сте во потрага по секси долна облека, изберете некој сет во црвена боја.
Чиста и миризлива постелнина
Колку и да е ова релаксирачка работа, таа мами на „игра“ под чаршафите.
Негова кошула на вас
За него ќе биде секси да ја види неговата голема кошула лежерно закопчана на вашето голо тело. Тоа ќе го поттикне да ја соблече.
Страв
Колку и да ви звучи чудно, голем број мажи ги возбудува непозната ситуација во која чувствуваат страв и наплив на адреналин.
извор:курир.мк