ТВ водителката Елена Стефановска не се штеди на енергија, замисла, реализација и секако пари кога е во прашање нејзинот тазе сопруг, бизнисменот Бојан Најдоски кој вчеравечер славеше роденден.
За годините тука воопшто не станува ни збор, а нели и воопшто не се важни, па акцентот беше ставен на се’ осанато кое го подготвила како изненадување сопругата Елена.
Водителката со стил се пофали дека таа е организаторот на мега роденденската забавава со која се пофали на својот Инстаграм профил.
Од приложеното може да се види дека не недостасувало ништо, па дури го ангажирала Иван Јованов од „Либеро бенд“ да им пее на гостите и славеникот, а за храната да биде на ниво како и се’ останато, се погрижиле вештите раце на познатиот шеф Никола Мишковски.
Од романтична декорација со свеќи, до впечатлива торта за што Елена им се заблагодари на сите кои се потрудиле за се’ да биде онака како што таа замислила и посакала.
На Стефановска очигледно на крај и останало да ги повика најбилиските и сакани луѓе, да се дотера и да го изненади саканиот кој ја опсипа со бакнежи.
Забвата била на ниво, а нема сомнеж дека овој роденден ќе им биде за паметење…
фото:Инстаграм принтскрин/Елена Најдоски