Кај многу парови после неколку години врска доаѓа до проблеми во спалната соба.
Тие можат да настанат од многу причини, но ретко кој знае дека некои навики драстично можат да влијаат на тоа партнерот да ја изгуби волјата за секс.
Ако правите некоја од овие работи, многу веројатно дека тоа влијае на вашето либидо.
Консумирате сирење во големи количини
Сирењето може да го намали нивото на тестостерон, па обидете се да ја намалите консумацијата на оваа храна доколку не сакате да имате проблем со либидото.
Стрес
Стресот влијае на сè и е главен виновник и предизвикувач на многу болести и состојби. Работите премногу, трпите притисок и не знаете како да се справите со сите обврски. Сето тоа влијае на вашето ментално здравје, па дури и на вашето либидо.
Дехидрација
Недостатокот на вода во организмот доведува до главоболки, нервози и иритација, но и до вагинална сувост. Ако не пиете доволно вода, тоа сигурно ќе се одрази на вашиот организам.
Недоволно сон
Се чувствувате премногу уморно за секс? Недостатокот на сон е голем виновник за тоа, ако сте преуморни во текот на денот, тоа дефинитивно влијае на либидото.
Консумација на одредени лекови
Ако пиете антидепресиви тие можат да влијаат на вашето смирување, но исто така, ја намалуваат желбата за секс. Некои студии покажуваат дека антихистаминиците не делуваат подобро.
Пушење
Цигарите лошо влијаат на крвните садови, предизвикуваат атеросклероза, а со самото тоа влијаат за циркулација на крвта во вагината.
извор:tocka.kom.mk