Правилното однесување по сексот гради емоционална врска и покажува дека ви е грижа за партнерот надвор од сексуалните активности.
Освен тоа, ве подготвува за продолжување на денот во подобро расположение, смета секс терапевтот Линдзи Лутер и напомнува дека многу студии ја докажале важноста на галењето и разговорот меѓу партнерите непосредно по сексот, за придобивки на нивната врска.
Затоа, не му вртете грб на партнерот по водењето љубов. Прегрнете се, бакнете се, кажете си по некој убав збор, разменете искуства, разговарајте за желбите.
Вообичаено е потребите по сексот да се разликуваат од човек до човек, но важно е да се најде и компромис.
Важно е да се одвојат барем неколку минути по сексот за зближување на емоционално и духовно ниво, секогаш имајте на ум дека телесната близина не е доволна за долга и среќна врска.
„Постојат разлики во навиките, но сепак на крајот се сведуваат на добра комуникација и разговор за тоа што му треба на секој од нас и што посакува. Обидете се да најдете некоја средина која би ги задоволила и двете страни и би ја одржала интимноста меѓу вас“, објаснува таа.
Исто така, по секс се советува да пиете нешто за телото да ја врати изгубената течност, а не е лошо и да грицнете нешто што ќе помогне во подигање на нивото на шеќерот во крвта, пишува „Му Imperfect Life“.
Извор:Кајгана.мк