Веќе е крајот на месец септември, а со тоа и есената е во полн ек, па наместо сонце се повеќе се зачестени дождови, а летната гардероба ја заменуваме со есенска.
Кога не е пред ТВ екраните, а паузираше со породилното отсуство кое наскор завршува, Антовска најчесто своето време го поминува со своето семејство, односно ќеркичката Лана Марија, бебенцето Јоана и сопругот.
View this post on Instagram
Малата Лана Марија е во период кога како и секое дете ги имитира и сака да биде како родителите, а во случајот ќеркичката на водителката се облече во сличен стајлинг како мама.
Така, на Инстаграм кај Антовска се најде објава на која мајката и ќерката имаат ист стајлинг, есенски и рокерски. Поводот беше меѓународниот ден на ќерките.
View this post on Instagram
Имено, Антовска е облечена во фармерки, маица и црно есенско палто во комбинација со кратки чизми, а таков стајлинг има нејзината ќерка.
Инаку, Лана Марија неодамна наполни пет години и како што вели мама Милена, таа веќе смета дека е голема девојка.
фото:Фејсбук/Мичена Антовска Станковска