Научниците сметаат дека најголемо влијание на сексуалниот нагон на жените има биолошкиот часовник, а не дали жената има партнер.
Во 30-тите, но и во раните четириесетти години жените често откриваат нова страна на нивната сексуалност и за повеќето омилената активност станува токму забавата во кревет.
Експертите оваа појава ја објаснуваат со отчукувањето на биолошкиот часовник и желбата „да ги искористат останатите години за создавање потомство“. Или народски кажано, како што жените стареат, сакаат почесто да водат љубов.
Во студија објавена во Personality and Individual Differences учествувале 827 жени поделени во три групи: висока плодност (18 до 26 години), ниска плодност (27 до 45 години) и во менопауза (46 години и повеќе).
Според одговорите на учесничките во интернет анкетата, истражувачите откриле дека жените на возраст од 27 до 45 години поседуваат „зголемен сексуален нагон како одговор на намалување на плодноста“ и дека имаат „чести сексуални фантазии и активен сексуален живот, па се подготвени на повремен секс“.