Љубов и Секс

Што е мит, а што е вистина за надареноста на актерите?

Што е мит, а што е вистина за надареноста на актерите?

Колку се разликуваат филмовите од реалноста

Една од најголемите дилеми поврзани со филмовите за возрасни е фамата на неверојатната надареност на актерите.

Затоа и не е чудно што со текот на годините се создава впечаток дека големината на гениталниот орган е пресудна за интимните односи.

За да може некој да биде ѕвезда на филмови за возрасни, мора да има посебни квалитети, всушност да биде „надвор од просекот“.

Нивните гениталии се генерално поголеми од просекот, а нивната способност да постигнат и одржуваат возбуда пред камерите и целата филмска екипа не е нешто што секој може да го изведе.

Затоа, ретко кој може да се пофали со овој квалитет.

Иако во повеќето случаи, вистинито е дека актерите се понадарени од просечните луѓе, не треба да се заборави фактот дека режисерите користат разни трикови со кои половите органи на актерите изгледаат поголемо.

Еден познат продуцент на филмови за возрасни вели дека кога станува збор за „големините“, вообичаеното правило е: 17,7 см се снима за да изгледа како да е 22,8 см.

Оние кои се надарени со пениси од 20 сантиметри се „зголемуваат“ на 25 сантиметри, а екстра големите од 22,8 сантиметри може да се снимат така да изгледаат како да се долги 30 сантиметри.

Кога го прашале за гениталиите кои во реалноста се поголеми од 25 см, тој одговорил: „Никогаш не сум видел таков“.

Поентата е дека индустријата за филмови за возрасни ја искривува нашата перцепција за „нормално“.

Значи, сите тие пастуви со ненормално големи гениталии во филмот, всушност, не постојат во реалниот живот.

Секој маж кој се чувствува несигурен за големината на својот пенис треба да го знае ова.

извор:popara.mk

To top