Многу луѓе си ја измачуваат главата со прашања за тоа како да знаат дали партнерот е „оној вистинскиот“, кои квалитети треба да ги бара во врската или како да натера некој да го сака повеќе? Според психолозите, романтичната привлечност е многу непредвидлив и нијансиран дел од животот. Додека некои чувствуваат дека на почетокот или „кликнуваат“ или не, други сметаат дека тоа може да се случи со текот на времето
Едно е сигурно, не можеме да натераме некој да не сака, а ниту нас никој може. Експертите веруваат дека три фактори се важни за да се разбуди хемијата меѓу луѓето и за двајцата, во модерна смисла, „да кликнат“.
Сличен на сличен се радува
Експертите за врски се согласуваат во едно – спротивностите не се привлекуваат, ниту физичката привлечност меѓу двајца луѓе гарантира квалитетна врска. Постои точка во врската каде што можеби вредностите и преференциите на партнерите се разминуваат, што ја прави врската неодржлива. Најидеално сценарио е сличностите да ги поврзуваат и да споделуваат слични вредности и интереси кои се преклопуваат, но можеби се разликуваат во некои нијанси.
Можеби едниот тип е посмирен, другиот поимпулсивен или еден од партнерите е екстровертен, а другиот не. Општо кажано, едниот го носи она што другиот не го носи. Се разбира, ова се научни генерализации и некои односи работат против сите можни правила дефинирани од науката. Ова може да го разберете ако некој изјави дека врската во која се наоѓа „само функционира и нема објаснување за тоа“. А можеби и не е потребно.
Посветеноста гради добри односи
Не се потребни студии или истражувања за да се објасни важноста на довербата и посветеноста за да се изгради и одржи здрава романтична врска. Сепак, едно истражување го докажа тоа со анализа на податоците на 11.000 анкетирани парови, откривајќи дека посветеноста во врската е всушност еден од најважните фактори за таа да успее.
На научниците им било тешко да предвидат дали врската е среќна или не од мноштвото податоци пред нив. Довербата во врската, ценењето, блискоста, конфликтите и комуникацијата не се ништо помалку важни од предвидувањето дали парот е во посакувана врска или не, пишува „Psychology today“. Љубовта очигледно е загатка и за науката.
Блискоста меѓу партнерите е многу важна
Можеби некои мислат дека хемијата и блискоста меѓу партнерите не се важни за здрава врска, но тоа значи дека се неинформирани. Сексуалното задоволство и компатибилност во оваа смисла е третиот важен фактор кај паровите. Хемијата меѓу партнерите е неопходна за да функционираат, а тоа е она што ја разликува романтичната врска од другите како пријателството.
Науката не може да ви помогне да најдете партнер, но со некои основни критериуми ќе дефинира дали тој/таа е вистинскиот. Доколку овие три важни предуслови се присутни во врската, голема е веројатноста да „кликнете“.
извор:popara.mk