Љубов и Секс

Повеќе не е мистерија: Колку пати неделно жените сакаат секс?

Повеќе не е мистерија: Колку пати неделно жените сакаат секс?

Теоријата дека само мажите иницираат секс и дека само ним им е важен сексот одамна е минато, а тоа го потврди и најновата студија која покажа дека 75% од жените сакаат да имаат секс најмалку трипати неделно.

Од над 5.000 испитани жените, 46.8% се задоволни од својот сексуален живот, додека 53,2 сакаат почесто да имаат секс.

Што се однесува до оргазмот, околу 38,6% од жените доживуваат оргазам барем еднаш во секој сексуален чин, 23,8% често, 16,2 повремено, а 10,2 % редовно имаат повеќекратни оргазми.

Само 8,4% од жените ретко доживуваат оргазам во текот на секс со партнерот, а само 2,8% никогаш не доживеале.

Студијата исто така потврди дека за добар секс за жените најважна е емоционалната поврзаност, односно постоењето на меѓусебни чувства. Така мислат 53,2% од жените, додека 23,6% од нив како клучна ја гледаат предиграта.

Како други фактори се наведуваат комуникација (10,4%), редовна сексуална акти9вност (7%), воведување новини и разновидност (4%).

Исто така се покажа кои негативни фактори имаат најголемо влијание на сексуалниот живот на жените:

– стрес (39,2)

– лоши односи со партнерот (28,2)

– несигурност поради физичкиот изглед (20%)

– грижата за мали деца (11,8%).

Извор:Кајгана.мк

To top