Интимните односи се добри за нашето здравје, истакнуваат експертите. Сексот, освен што го зголемува нивото на серотонин и окситоцин во организмот, го намалува стресот, лек е за мирен сон, согорува калории, но помага и при главоболки.
Воздржувањето од сексуални односи не мора да има сериозни негативни последици, но телото и мозокот реагираат. Има одредени предности и недостатоци, а најмногу влијае на менталното здравје.
Психотерапевтката Марија Миленковиќ откри дека не постои правило кога е идеално време за стапување во сексуални односи.
– Тоа е интимно и лично прашање. Не постои вистинско или универзално време за секс. Тоа е индивидуална работа и сексуалноста е есенција на животот. Тоа е карактеристика на нашата личност. Како го доживуваме детството, има многу врска со тоа. Кај скршени семејства имаме Едипов комплекс, на пример. Сите овие фактори влијаат на нашата слика за светот и партнерот што го бараме – изјави Марија.
Таа додава дека долгорочната апстиненција може да доведе до голем број проблеми како што е губење на циклусот.
изворLпопара.мк