Љубов и Секс

Дури половина од луѓето се во врска со личност која не е нивен тип: Еве што навистина значи тоа

Дури половина од луѓето се во врска со личност која не е нивен тип: Еве што навистина значи тоа

Истражувањето во Велика Британија покажало дека повеќе од половина од Британците имаат јасно дефиниран тип на личност со која би сакале да бидат во врска, но дека дури третина од нив се во врска со личност која не е нивен тип, пренесува „Сан“.

Студијата опфатила повеќе од 2.000 возрасни лица, а дури 58 отсто од нив рекле дека избегнуваат да гледаат луѓе кои не одговараат на нивните критериуми.

Критериумите за пожелност обично се однесуваат на физичките карактеристики како што се бојата на косата, висината или обликот на телото.

Бринетите се наводно попосакувани кај машката популација, додека висината е многу важна за дури третина од жените.

Сепак, истражувањето нарачано од апликација за запознавање покажа дека многу луѓе имаат однапред замислени идеи за нивниот тип на партнер, но тоа може да дејствува како пречка за наоѓање љубов.

– Факт е дека речиси секоја четврта личност која е во врска вели дека партнерот всушност не е нивниот замислен тип на личност, па тоа укажува дека нашите тенденции за либидо всушност можат да бидат многу несигурни, вели Рејчел Лојд, експерт за љубовни врски.

Жените често го изразуваат стереотипот дека сакаат „високи, темни и згодни мажи“, а претпоставката дека мажите претпочитаат жени со долга коса се покажа како мит, бидејќи само два проценти го навеле тоа како посебна предност.

Она што и мажите и жените го наведоа како најпосакувани особини се доверливоста, љубезноста и добрата смисла за хумор, што не води до фактот дека физичките карактеристики што ги наведуваме како важни всушност паѓаат во втор план.

Затоа е важно сите оние кои бараат партнер понекогаш да му дадат шанса на некој кој не ги привлекол на прв поглед со својот физички изглед. Затоа што, на крајот на денот, не е ни важно дали покрај личноста која ве привлекла со својот изглед, не сте самоуверени и не сте насмеани.

извор:Курир.мк

To top