Доволно сте возрасни за да знаете дека желбата за секс понекогаш е посилна, некогаш помала и дека сето тоа е составен дел од животот.
Сексуалната желба се менува со годините, а триесеттите носат многу добри работи.
1. Веќе никому не се докажувате
Нема повеќе стрес поврзан со врвните перформанси во кревет. Причината за тоа можеби е тоа што вашиот сексуален живот е врзан за една личност или досега сте имале повеќе сексуални партнери и имате самодоверба, но притисокот кој постоел во дваесеттите е намален или целосно исчезнал.
2. Задоволни сте со еден партнер
Статистички, повеќето луѓе влегуваат во долга врска или брак во доцните дваесетти години, а во стабилна врска се во триесеттите. Желбата да пробате нови работи се сведува на нови пози со партнерот, а не на луди излегувања кои порано завршуваа со ненадеен секс со некој што едвај го познавате.
3. Откривате нови работи
Со годините и повеќе партнери од себе, време е да се истражувате себеси, вашите желби и интереси. Работењето на себе е различно за секого – некои ќе пробаат нови пози или места, некои ќе решат да ги подобрат своите сексуални вештини, но сè на сè, луѓето повеќе се занимаваат со изострување на своето знаење и искуство.
4. Подобро комуницирате со партнерот
Секако, секој би сакал да ги сподели сите свои фантазии од првиот ден, и да ги испроба, но тоа е вештина која се учи со текот на времето. За да споделите нешто толку лично бара доверба и љубов меѓу партнерите. Во своите триесетти, повеќето луѓе знаат што сакаат, а што не. Ако сте во долга врска, знаете како да се „напалите“ еден со друг и како да се доведете себеси и вашиот партнер до кулминација.
5. Запознаени сте со вашето тело
Со текот на годините, веќе сфативте колку најдобро ја доживувате кулминацијата и која е вашата најдобра поза. Ова е многу важно во ситуации кога немате многу време и сакате еден брз секс, како на пример наутро пред да се разбудат децата или пред работа.
6. Квалитетот е поважен од квантитетот
Сексот во триесеттите е фантастичен, без разлика дали сте во врска или сами. Повеќето во овој период ја намалуваат количината на сексуален однос и се свртуваат кон квалитетот. Со оглед на тоа што е време и за основање семејство, работа на кариера и општо хаотичен период од животот, повеќето луѓе попрво би избрале квалитетен секс еднаш неделно отколку три набрзина.
7. И желбата за дете станува дел од сексуалниот живот
Во триесеттите, многу луѓе имаат таканаречен „наменски секс“ за да имаат деца. Во овој случај, сексот не е фантастичен, пред се затоа што сексот е форсиран во плодните денови на жената и носи многу напнатост, па сексот наместо задоволство може да стане задача.
8. Можете да имате односи дури и кога сте уморни
Мрзеливиот секс е една од вештините што е добро да ја практикуваат луѓето во раните триесетти години бидејќи има големи шанси да им го спаси сексуалниот живот. Многумина се исцрпени во овој период поради силните обврски – работа, деца, сметки, а никој нема пристап до неограничена енергија. Мрзеливиот секс добро ќе ви дојде кога сте имале напорен ден, а сепак би сакале да се посветите на партнерот и на себе.
9. Се помиривте со фактот дека вашиот сексуален живот има подеми и падови
Има моменти кога сексот не ви ни паѓа на памет – имате проблеми на работа, децата не ве слушаат и се чувствувате како да сте генерал во војска. Тогаш обично немате волја за секс. И тоа е сосема нормално, и за вас и за вашиот партнер.
Од друга страна, има моменти кога единственото нешто што ви паѓа на ум е сексот и се чувствувате како повторно да поминувате низ вашето сексуално будење. Доволно сте возрасни за да знаете дека желбата за секс понекогаш е посилна, некогаш помала и дека сето тоа е составен дел од животот.