Многумина се прашуваат што е тоа што еден човек го прави да биде добар љубовник? Сега, мистеријата конечно е решена.
Сексот – првото нешто на кое помисливте, но сепак за тој да биде како што треба најважна е хемијата меѓу двајца луѓе кои се сакаат, но и наредните 10 квалитети кои ги пренесува „Your Tango“:
1. Сакате да учите нови работи.
2. Опуштени сте и секогаш полни со страст.
3. Покрај вас вашата партнерка се чувствува сексапилно.
4. Имате самодоверба и не се плашите да бидете ранливи.
5. Авантуристичен тип сте и сакате да експериментирате.
6. Уживате во давањето задоволство еднакво како и кога партнерката ви удоволува.
7. Давате безусловна поддршка и не осудувате.
8. Целосно сте присутни во таквите и слични моменти.
9. Комуницирате за своите потреби и ја слушате и другата страна.
10. Имате време и не брзате во текот на сексуалниот однос.
Техниката, добрата хигиена, карактерот и хемијата меѓу двајца луѓе е важен фактор, но сексуалната интимност поради која сексот станува фантастичен е многу повеќе од тоа.
Таа расте и се размножува со добро, заедничко искуство, разговор и работа на себе.
Се согласувате ли?