Вкусовите се различни, но судејќи според истражувањата, повеќето мажи се согласуваат дека овие пози се најпривлечни
Каубојка – Оваа поза е особено возбудлива за мажите бидејќи можат да ја гледат својата партнерка за време на сексот, што им причинува задоволство и нему и на неа. Затоа оваа поза е идеална бидејќи на момците им дава можност, на пример, да ги гледаат нашите облини. Бидејќи мажот во оваа поза нема потреба да биде активен, а може да ги користи рацете, позата е дополнително атрактивна.
Обратна каубојка – Кога жената ќе го сврти грбот, задникот и е во преден план, што е многу возбудливо за мажите.
Имаат поглед како во „кучешка поза“, но во исто време и удобност да не мора да работат. Уште една варијанта на оваа поза е партнерката да легне на мажот со грбот во иста положба така што и двајцата гледаат во таванот. Мажот може да ја прегрне и да ја допира каде што треба, да гледа во небото (ако сте на отворено) и да трае подолго. Имено, тој нема да може длабоко да навлезе, па можеби ќе доживеете заеднички оргазам.
„Doggy“ – на сите четири додека мажот е позади – го поставува темпото и интензитетот, и може да влезе длабоко.
Мажите уживаат во погледот на женскиот задник, грб и врат и фактот дека во оваа поза партнерката им се предава. Сепак, немојте да дивеете како што прават во порно филмовите (кои често се нереални). Почувствувајте ги реакциите на партнерката и она што и се допаѓа. Ако длабоката пенетрација и предизвикува болка, тогаш забавете ја брзината и не притискајте до крај.
извор:popara.mk