Оргазмот, или „мала смрт“, како што ја нарекуваат Французите, има многу придобивки – освен што ве релаксира, има и придобивки за целокупното здравје. Жените малку потешко доживуваат оргазам отколку мажите, па затоа е добро да се знае кои пози најчесто доведуваат до оргазам.
Истражувањето спроведено од тимот зад апликацијата Glow Fertility and Ovulation открива дека постои една поза во која жените најчесто доживуваат оргазам.
Откриле дека повеќето жени обично имаат секс во мисионерска положба, но дека најдобра позиција за женски оргазам е кога таа е врз мажот. Таа поза има околу 20 проценти предност во однос на другите.
Истражувањето исто така открива дека женските оргазми се најчести два до три дена пред почетокот на циклусот. Ова може да биде затоа што се зголемува нивото на хормоните пред менструацијата, па затоа некои жени полесно се возбудуваат тогаш.
Тие прашале 2.400 жени во која положба имале најлесен оргазам, а одговорите изгледале вака.
Кога жената е горе – рекле 43,1% од учесничките.
Второто место е мисионерската поза – 18,8% од учесничките така најлесно го достигнуваат врвот.
На трето место е „кучешкиот стил“ – со 28,6% позитивни одговори.
228 жени изјавиле дека најчесто доживуваат оргазми во други пози.
Сексолозите имаат совети за најпопуларната поза – треба да ги тргнете сите мисли од вашата глава и да се препуштите. Запомнете дека имате контрола и затоа треба да се чувствувате моќно. Оставете ги колковите да ве водат.