Кога сме во врска со некој или пак кога стапуваме во брак, тоа на што секогаш сакаме да вложуваме е истото да опстане.
Знаеме дека бајките се резервирани за децата, а дека во реалниот живот работите малку се поразлични. Меѓутоа, како што тврдат експертите за љубовта сепак постојат трикови и совети со чија помош можете да го зачувате љубовниот однос.
Постојат некои, на прв поглед мали работи, навики, кои ја прават секоја врска или брак да биде поцврста и трајна.
1. Комуникацијата е најважна
Комуникацијата е клучна за поврзување и тоа е темел на секој брак или врска. Обидете се да имате било каков однос без комуникација – невозможно.
Поради тоа редовно одвојувајте време за разговор со вашиот партнер. Зборувајте за малите и големи работи и така ќе ја зајакнете вашата врска.
2. Немојте константно да критикувате
Како би ви било вас доколку постојано добивате негативни критики? Меѓу другото, доколку не се согласувате со нечија постапка или мислите дека нешто што е во заеднички интерес не е најдобро направено, треба да му кажете на партнерот, но на конструктивен начин, а не да го критикувате веднаш – тоа само може да биде контрапродуктивно.
3. Бидете посветени
Посветеноста е долгорочна работа. Кога сте во врска мора константно да бидете посветени на односот, партнерството… Секоја година, секој месец, секој ден. Буквално – секој момент.