Кога ќе видиме постара дама со помлад маж, повеќето од нас превртуваат со очите. Иако од една страна тврдиме дека љубовта не познава граници, дека е слободна, неограничено, во повеќето случаи не ни е логично да видиме помлад маж со постара жена. Ниту кога станува збор за познати личност, а не пак, за „обичен“ вљубен пар. Зошто помладите момци ги привлекуваат постари жени? Во продолжение ви откриваме некои од можните причини.
Имаат поголемо искуство
Сосема е јасно дека искуството доаѓа со годините, па така и кога станува збор за сексот. Постарите жени многу добро знаат што прават во кревет и се свесни за своите потреби.
Не се опседнати со своето тело
Мажите сакаат жени со реални облини и жени кои не се опседнати со своето тело. Постарите дами со текот на годините научиле да го прифатат својот изглед, тие се полни со самодоверба и животна радост.
Независност
Постарите жени претежно се оствариле во финансиска смисла и повеќето од нив имаат стан и автомобил, како и редовни приходи.
Знаат да покажат авторитет
Доминантните партнерки често се дел од еротските фантазии кај многу мажи, а постарите дами го имаат токму тоа – авторитет и доминација над помладиот партнер. На мажите им е секси кога жената ќе ја превземе контролата.
Го ценат својот партнер
Постарите жени уживаат во својот однос со помладиот партнер и го ценат како човек, не се заморуваат со неговите недостатоци и немаат намера да го менуваат.
извор:порапа.мк