Постојат прашања на кои одговорите мора малку подолго време да почекаат за да ги слушнете затоа што мажите не сакаат да одговараат на нив и често ги избегнуваат, особено доколку се наоѓате на почеток од врската.
Дознајте кои се тие прашања и причините поради кои во поголем дел од случаите вешто треба да ги избегнувате.
1. Каква е нашата иднина?
Ова е едно од оние прашања кое може да го исплаши мажот, но и жената кога станува збор за почеток на врската.
Меѓутоа, мажите и после подолго време никогаш не знаат да ви го дадат точниот одговор на ова прашање затоа што сакаат работите да течат спонтано и по свој тек. Затоа понекогаш подобро е да го избегнувате ова директно прашање и да го „испрашате“ неговото размислување на подолги патеки на друг, поспонтан начин.
2. Кога ќе ме запознаеш со родителите?
Добропознато прашање кое влева страв во коски, зарем не? Иако ве сака и почитува, понекогаш е тешко да „пресече“ и да ѝ каже дека ќе ја запознае со неговите родители. Заштитничкиот став од мајка му е тешката работа со која секој маж мора да се носи затоа што и тој, како и вие, сакате да ѝ се допаднете. За татко му, помал проблем затоа што тој верува во одлуките на својот син.
3. Твојата финансиска состојба е…?
За крај го оставивме прашањето кое ниту малку не е лесно да се слушне, а на кое потребно е да му се даде многу внимание. На почеток од сериозноста на врската или пак на почеток од заедничкиот живот, разговор за финансиите особено е важен. Затоа сепак не треба да ви биде непријатно да го поставите ова прашање (кога е време), но сепак треба да бидете подготвени на негово избегнување на одговорот.
извор:точка.ком.мк