Возбудата што ги оживува вистинските ноти во нас, со секој допир и бакнеж, е едноставно неопислива. Сепак, овој познат танц без панталони е многу повеќе од исполнување на биолошка потреба. Секое ваше сексуално искуство треба да биде забавно, а ако тој елемент му недостига, тогаш некој од вас прави нешто погрешно.
Еден начин да ги зачините работите во креветот е да внесете малку вербално охрабрување. Да, драги мои, мислиме на валкан говор, кој може да ја подигне возбудата во креветот на повисоко ниво. Супер секси валканите зборови, изговорени со вистински тон и во вистинско време можат навистина да ја заскокоткаат вашата фантазија и да го направат вашето искуство незаборавно. Но, што да се каже? Продолжете да читате и дознајте.
Пофалете ја неговата машкост
Користете едноставни зборови кои ќе му дадат до знаење дека сте го забележале обемот и големината на неговата машкост. На крајот на краиштата, кој не сака да добива комплименти од личноста со која се интимни? Без разлика дали сте од оние кои лесно можат да „раскажуваат валкани приказни“ или не, ова е нешто што лесно се лизга од јазикот, бидејќи во повеќето случаи тоа е вистина. Затоа, не двоумете се да му кажете што сте почувствувале.
Токму така!
Поединечно, ова се едноставни случајни зборови, но заедно имаат неверојатно моќен ефект во креветот. Благодарение на овие зборови лесно и брзо ќе ѝ ја пренесете пораката на саканата личност дека прави се како што треба. Згора на тоа, ако сте блиску до врвот, навистина не ви требаат повеќе од овие два збора, а тој ќе знае за што се работи и нема да ве разочара.
О Боже, да!
Кога кажуваме и случајни фрази и лесни реченици кои се паметат без тешкотии, оваа изгледа совршено. Можете да ја користите во речиси секој сегмент од водењето љубов, од лесните почетоци до неговото забрзување. Исто така, оваа фраза е незаменлива кога од задоволство ќе експлодирате пред неговите очи.
Те молам, не застанувај
Знаете дека сте на вистинскиот пат и секунди ве делат од апсолутното задоволство. Но, како да му го кажете тоа? Само замолете го да не запира. Повторете го ова неколку пати за да му ги пренесете вашите моментални чувства што е можно појасно, пред да паднете во транс. Фатете го со раце и нозе и кажете му слатко „не застанувај, те молам“, пренесува „zenskimagazin.rs“.
извор:попара.мк