Љубов и Секс

4 хороскопски знаци на кои уживањето со партнерот во интимните односи им е најважно

4 хороскопски знаци на кои уживањето со партнерот во интимните односи им е најважно

Кога станува збор за задоволувањето на интимните потреби на партнерот во спалната соба, не е важно само вашето либидо, туку и кој знак во хороскопот сте, тврдат астролозите.

Да се биде несебичен во кревет, на некои од хороскопските знаци не им е природно, од друга страна пак давање внимание на партнерот за некои од знаците е императив.

Овие четири хороскопски знаци се фокусираат на уживањето на нивниот партнер во кревет:

1. Овен
Овенот е еден од трите огнени знаци, страстен и нетрпелив, а на својот партнер сака да му даде сè. Тие знаат што сакаат и кога тоа го сакаат. Доколку вие сте тоа што го сакаат, ќе имате партнер кој исклучиво ќе биде посветен на тоа да ви угоди во кревет, но немојте да очекувате долга предигра.

2. Бик
Биковите ќе ви дадат страсни и незаборавни моменти, а ќе мислат и на сите ситници кои се важни за вие да се чувствувате како да сте на тронот. Под тоа се мисли и на најдлабоките доживување. Земете ги предвид и свеќите, свилената постелнина, многу прегратки и галење. Овој знак во состав со сите сетила ќе ве охрабрува да се ослободите во секој поглед.

3. Вага
Како знак на кој владее Венера, божица на љубовта и убавината, Вагите се прекрасни партнери во кревет. Тие се романтични и заводливи. Нежни се и уживаат во истражувањето на телото на својот партнер. Вагите го ценат обостраното задоволство. Отворени се за експериментирање во спалната соба.

4. Шкорпија
Спаѓаат во најеротичните и најзаводливите знаци од Зодијакот. Мажите Шкорпии се емоционални и амбициозни, а и двата квалитети ги внесуваат во своето интимно искуство. Исто така имаат моќ да ги почувствуваат потребите на партнерот.

извор:точка.ком.мк

To top