Антониа Гиговска е една од најактивните млади македонски пејачки, а во нејзината кариера нема простор за пауза кога се во прашање настапите, новите песни и спотови.
Периодов е турбо активна со настапи низ ноќните клубови низ Македонија, а паралелно работи и на синглови кои ги најавува на социјалнте мрежи.
Кај Антониа за се’ има смислен концепт, па ниту еден новитет не поминува без професионална фотосесија каде изгледа како ѕвезда од светски калибар.
View this post on Instagram
На една од последните фотосесии таа ја истакна својата провокативна страна и сексапил, облечена во боди со длабоко деколте од кое градите беа во преден план.
Иако долгата коса која и е заштитен знак дискретно го покриваше деколтето, тоа беше уште еден момент со кој таа го зачини сексапилот и со малку мистика.
View this post on Instagram
-Што би правел после мене, кажи како после нас… Пишува пејачка што најверојатно се дел од стиховите за песната што ја работи.
View this post on Instagram
Инаку, деновиве Гиговска најави и дует со младата колешка од „Пинк ѕвездички“, кумановката Мартија Станојковиќ.
View this post on Instagram