Љубов и Секс

Овие 3 работи на мажите им се попотребни од секс во љубовната врска

Овие 3 работи на мажите им се попотребни од секс во љубовната врска

„Бидете одраз на она што би сакале да го видите кај другите. Доколку барате љубов, сакајте се себе. Доколку барате искреност, бидете искрени, а доколку барате почит, покажете почитување. Го добивате назад тоа што сте го дале“.

Заблуда е дека мажите ги интересира само секс. Овие три работи им се многу поважни на мажите од сексот.

1. Разбирање
Сите знаеме дека сексуалната интимност е физички израз на страстите кои ги имате еден кон друг. Но, доколку се потрудите да разберете како вашиот партнер се чувствува, може да ја донесете врската на едно повисоко ниво.

Секојпат кога би ја сретнал својата девојка, би оделе на состанок, би јаделе во модерен ресторан, а потоа би дошле дома и би воделе љубов. Секако, еден на друг би си кажале „те сакам“ и секој од нас ова фаза ја изговара целосно искрено.

Меѓутоа, поради недостатокот на емоционалната интимност, не би чувствувале преголема желба да бидеме заедно до крајот на животот. Додека читав разни совети за односите, наидов на една објава во која се зборува за важноста на можноста да разговарате и да го сослушувате партнерот. На почетокот овој совет ме иритираше, но откако почнав поотворено да слушам и зборувам за своите чувства и емоции, квалитетот на мојот однос значајно се подобри. Разбирањето во односите е двонасочна улица затоа што доколку сакате партнерот да почне да ве слуша, важно е да му возвратите кога има желба да проговори.

Римскиот филозоф Сенека го кажал следното: „Една од најубавите особини на вистинското пријателство е разбирањето“.

2. Прифаќање
Често сонуваме работите да бидат поразлични, личноста која ја сакаме да се однесува на одреден начин. Но, постојаното размислување за работите кои не можете да ги промените, се лишувате себеси од можноста да се фокусирате на сè што може да смените. Лицата со кои сте во врска сакаат да почувствуваат дека ги сакате, прифаќате и почитувате. Но, невозможно е да изградите моќна емоционална врска доколку постојано го критикувате. Во секој случај, ако постојано го осудувате, тој ќе почне да се однесува кон вас на истиот тој начин.

Разбираме дека сакате да изградите идеален однос со вашиот партнер во кој нема да има несогласувања, но за жал тоа никогаш нема да се случи доколку не го прифаќате таков каков што е. Поради тоа, доколку сакате да ја зајакнете врската, почнете со прифаќање на несовршеностите на еден со друг и сето тоа ќе се подобри.

„Прифатете го она со што судбината ве поврзува и сакајте ги луѓето со кои вашата судбина ве споила. Направете го тоа со цело срце“, Марко Аурелиј.

3. Искреност
Сексуалната интимност дефинитивно е една од најдобрите начини да се изгради доверба во врската. Но, доколку не сте искрени кон партнерот нема да можете да сметате на искреноста за возврат.

На крајот на краиштата, долговечните врски едноставно не можат да се градат врз основа на лаги. Поради тоа доколку сакате да ги поправите односите, само почнете да разговарате, искреноста ќе ви овозможи да ја задржите почитта кон партнерот.

„Бидете одраз на она што би сакале да го видите кај другите. Доколку барате љубов, сакајте се себе. Доколку барате искреност, бидете искрени. Доколку барате почит, покажете почитување. За возврат ќе го добиеш тоа што го сакаш“, непознат автор.

извор:кармин/точка.ком.мк

To top