Во екот на свадбените прослави, поп пејачот и композитор Димитар Андоновски и неговата сопруга Христина беа гости на една свадбена прослава.
Повод за убаво расположение, свечена гардероба и секако емотивни и романтични моменти.
Димитар токму бо една таква прилика сакаше да ја покаже својата понежна половина на сите и да ја воздигне неговат сакана пред следбениците.
View this post on Instagram
-Мојата кралица, ја сакам мојата жена, гласи коментарот на Диме кој ја покажа својата романтична природа.
Двајцата блескаа еден до друг, тој во костум, а таа во елегантен тесен принт фустан со голи раменици.
Деновиве на профилот на пејачот осамна и првата фотографија од нивното второ синче Гаврил кое за првпат го покажаа јавно преку социјалните мрежи.
Христина се породи пред пет месеци, а веќе може да се пофали дека се вратила во топ форма.
За потсетување, Димитар и Христина по голгогодишна врска се венчаа во Битола пред седум години.
фото:Инстаграм принтскрин/Димитар Андоновски