Љубов и Секс

5 причини зошто се заљубуваме во луѓе кои не ни ја возвраќаат љубовта

5 причини зошто се заљубуваме во луѓе кои не ни ја возвраќаат љубовта

1. Не се почитувате и сакате себеси
Како што вели старата поговорка, никој не може да те сака ако не се сакаш себеси па така наместо самите да се лекувате себеси и сопствените рани, барате други да го направат тоа за вас. Ако не се сакате и прифатите целосно такви какви што сте, никој нема да може да ви ја пружи љубовта по која трагате цел живот.

2. Сакате да се вљубите, но не сакате да ѝ се посветите на врската
За вас заљубувањето е како опојна дрога од која не можете да се заситите, нели? Сакате да се вљубите, но не сакате да се ограничите така што ќе се посветите на врската. Жедни сте за возбуда, но не ја сакате зрелоста што е дел од една сериозна и здрава врска. За вас возбудата почнува да бледнее кога нештата стануваат посериозни и не сте сигурни дека би можеле да бидете со една личност до крајот на животот.

3. Не сакате да се збогувате со минатото
Се плашите од љубовта затоа што сте имале лошо искуство во минатото и сè уште ги немате пребродено болката и траумата. Таквото искуство засекогаш ви го сменил начинот на кој гледате на љубовта и иако се убедувате себеси дека сте продолжиле понатаму, вистината е дека воопшто не е така. Секогаш кога чувствувате дека не заслужувате љубов, тоа е затоа што вашето минато ве прогонува. Болните работи што сте ги доживеале ве спречуваат да се заљубите во некого и да бидете во здрава врска.

4. Се плашите од интимност и ранливост
Се вљубувате во луѓе кои никогаш нема да ве сакаат затоа што се плашите да бидете ранливи и емоционално интимни со другите. Мислите дека сте подготвени да бидете во сериозна, посветена врска, но во моментот кога ќе станат сериозни работите вие почнувате да се повлекувате, без да бидете свесни за тоа. Сакате да го отворите своето срце и да љубите бескрајно, но стравот дека ќе бидете повредени ве спречува во тоа.

5. Можеби и не е љубов тоа што го чувствувате
Кога мислите дека се заљубувате во некого, можеби сето тоа е само во вашата глава, а всушност не е љубов. Можеби ви се допаѓа како личност или ви се допаѓа што сè таа прави за вие да се чувствувате среќно. Но, откако ќе се анализирате себеси најверојатно ќе сфатите и дека не ја сакате таа личност со оглед на тоа дека не се гледате себеси како го поминувате животот со неа. Ви се допаѓа чувството кога некој е секогаш тука за вас и ве разбира, но ви е тешко да го направите истото. Треба да сфатите дека вистинската љубов не е минлива и кога сакате некого го прифаќате онаков каков што е, вклучувајќи ги сите мани и недостатоци.

Откако ги прочитавте причините поради кои се заљубуваме во погрешните луѓе, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 работи треба да се случат за да се заљубат две личности.

Извор: themindsjournal.com/кафепауза.мк

To top