Не е неопходно бројот на сексуални односи да се намалува во триесеттите или четириесеттите години, туку тоа е повеќе поврзано со годините што партнерите ги поминале заедно. Сосема е нормално дека во раната фаза на врската водењето љубов е секојдневно, па дури и неколку пати на ден. Со текот на годините тој број донекаде се намалува. Ова не значи дека вашиот партнер повеќе не го привлекувате или тој не ве привлекува вас, туку дека приоритетите се менуваат.
Научниците од Институтот Кинси објавија интересна студија која ги опфати сите возрасни групи од раните дваесетти до доцните четириесетти години, како и партнерите кои се помалку или подолго заедно.
Партнерите кои се помлади и пократко време заедно, водат љубов дури 122 пати годишно. Веднаш под нив доаѓаат оние на возраст од триесет години и оние кои се малку подолго заедно, а бројката која ги краси е 96 пати годишно. На трето, но не и безначајно место, се средовечните испитаници (40+), тие се впуштаат во љубовни игри под јорган околу 69 пати годишно.
Судејќи според статистиката, нашите приоритети навистина се менуваат со годините, но силното чувство на љубов е присутно кај сите возрасни групи, без разлика колку пати креветот е загреан од страст.
извор:нетпрес