Љубов и Секс

Како да се справите со лажните обвинувања во љубовната врска?

Како да се справите со лажните обвинувања во љубовната врска?

Секој од нас копнее по разбирање и емпатија од страна на друго човечко суштество. Самиот чин на обвинување за нешто што не сме направиле може да ни предизвика чувства на вознемиреност, лутина, несигурност и ниска самодоверба. Како да постапиме доколку самиот партнер е тој што нè обвинува, на пример, дека сме неверни?

Секој од нас копнее по разбирање и емпатија од страна на друго човечко суштество. Самиот чин на обвинување за нешто што не сме направиле може да ни предизвика чувства на вознемиреност, лутина, несигурност и ниска самодоверба. Како да постапиме доколку самиот партнер е тој што нè обвинува, на пример, дека сме неверни?

Личноста која не се чувствува сигурно во врската може да има перцепција дека партнерот е неверен, особено доколку во минатото имало случаи на изневерување на меѓусебната доверба. Сепак, довербата е нешто што тешко се гради, но лесно може да се сруши.

Така, кај некои луѓе се појавува чувството на недоверба кон другите, па макар и кон саканите личности, како резултат на трауми во минатото, почнувајќи уште од детството. На пример, ако еден од нашите родители имале некаква афера, можеби ќе живееме со стравот дека и нашиот партнер ќе го направи истото.

Од друга страна, доколку не сме се чувствувале безбедни во рамките на домот и семејството, тоа може да доведе до тоа да се чувствуваме дека не сме достојни или заслужни за љубов и безбедност. Затоа, несвесно ќе се убедуваме себеси дека не постои безбедна љубовна врска и дека кога-тогаш партнерот ќе нè изневери и повреди.

Еве како да постапите доколку партнерот ве обвинува за работи кои не сте ги направиле.

1. Бидете искрени со себе
Доколку постои некаква вистина во обвинението, макар и делумна, тогаш најдобро е да си ја признаете вината и да најдете соодветно време и начин за тоа да му го соопштите на партнерот. Можеби и не се работи за афера, но сепак, постои нешто што партнерот го насетува. Можеби сте станале емотивно поврзани со некого на начин што негативно влијае врз вашата врска. Ако е така, размислете која е причината за дистанца во врската, што можеби ве доведува до тоа да барате поголемо разбирање и утеха на друго место.

2. Обратете внимание на стравот и несигурноста на партнерот
Можеби се чувствувате огорчено поради лажното обвинување за афера, но не заборавајте дека тоа можеби се должи како резултат на несигурноста на партнерот. Можете да ми пристапите со зборовите: „Мислиш дека имам афера. Сакам да те уверам дека не е така… и се прашувам дали можам да направам нешто за да се чувствуваш посигурно со мене“. Доволно е да му оставите до знаење дека го сакате и дека сте подготвени да вложите повеќе труд за вашата врска да успее.

3. Не заборавајте кои сте
Најважното нешто кога лажно ве обвинуваат е да останете доследни на себе и на сопствената вистина, наместо да дозволите другите да создадат некаква слика за вас според начинот на кој ве гледаат. Сепак, вистински предизвик е да се задржи достоинството во таквите моменти и затоа не треба лесно да се откажувате. Доколку продолжат проблемите без можност за некакво решение, тогаш единствената опција би била средбата со психотерапевт.

извор:кафепзауза

To top