Здолништата во А-линија се популарни веќе неколку сезони, а оваа година ќе доживеат вистинско проширување. Модните експерти едногласно се согласуваат дека овој модел мора да се најде во гардеробата на секоја жена со стил.
Доброто кај овој модел е што лесно се вклопува во секој стил и може да се носи во секоја пригода. Без разлика дали одите на работа, ручек или излегување, ова здолниште е совршено решение.
Освен тоа, нема жена која не изгледа добро во неа. Го крие вишокот на бутовите и колковите, а доколку го изберете оној со висок струк ќе го маскира секој вишок на стомакот.
Во комбинација со високи потпетици е полн погодок бидејќи во тој случај дополнително визуелно ја издолжува и истенчува фигурата.
Еве како можете да го носите: