Љубов и Секс еве што не треба да прашате

6 работи кои не мора баш да ги кажете во првите 5 минути после секс

6 работи кои не мора баш да ги кажете во првите 5 минути после секс

Ако непосредно по сексуалниот однос сакате да разговарате со партнерот, без разлика дали се работи за долгогодишна врска или повремен секс партнер, мораме да ве предупредиме дека сте на прилично чувствелен терен.

Ако ја послушате терапевтката за секс Елиза Бокин, тогаш не би требало да зборувате за 6 работи во првите 5 до 10 минути после секс:

1. Не ја критикувајте „изведбата“ на партнерот

Дури и ако не сте најзадоволни, не критикувајте веднаш по самиот чин. Тоа време искористете го подобро за молчење, па за квалитетот на сексуалниот живот разговарајте подоцна.

2. Не го коментирајте (негативно) телото на партнерот

Ако го предупредите партнерот дека има пуштено стомаче или дека треба да оди да се затегне во теретана, мали се шансите дека односите ќе останат така мирни. Ако вистински го сакате, разговарајте за работите кои ви се допаѓаат на него.

3. Избегнувајте навраќање на нерешените проблеми

Сите сакаат да останат во среќната фаза после секс, па нема потреба во кревет да ги решавате проблемите со неплатената рата или проблемите со свекрвата.

4. Не ги спомнувајте бившите

Никогаш, ама баш никогаш не правете споредба. Ова е тема која е најдобро да не ја спомнувате никогаш.

5. Не прашувајте каде ја научил вештината

Освен тоа што не треба да зборувате за бившите, исто така не мора и да прашувате за бившите искуства на партнерот. Ако ви се допаѓа тоа што го прави, не ја барајте позадинската приказна.

6. Избегнувајте сериозни прашања за иднината на вашата врска

И овие дискусии е најдобро да ги оставите за кога сте облечени и посериозни.

To top